Хамилтон ги критикува перформансите и стратегијата на Ферари
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, го критикуваше тимот за предолго донесување одлуки за време на Големата награда на Мајами.
-Ќе го разгледаме ова прашање во тимот. Ниту Шарл, ниту јас не настапуваме на нивото што се очекува од нас. Треба да дејствуваме побрзо - изгубивме премногу време поради внатрешните дискусии. Во времето кога се водеа преговорите, се чувствував многу иритирано. Имаше конфузија во активностите на тимот и тоа е неприфатливо. Имав друга стратегија и во тој момент гумите ми беа побрзи. Имав чувство дека можам да ги стигнам нашите ривали, но одложувањата значеа дека ја пропуштивме нашата шанса. Изгубив многу време следејќи го Леклер и на тимот му требаше премногу долго за да донесе одлука, изјави Хамилтон за „Autoracer“.
На ГН на Мајами победи возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, а неговиот тимски колега Ландо Норис заврши на второто место. Џорџ Расел од Мерцедес го комплетира подиумот.
Ново на Сител
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година