Ахмети се антиквизира
Али Ахмети со нова политичка реторика. Од позиција на опозиционер ја застапува тезата дела албанците имаат антички корени на овие простори. Во говор пред поддржувачите од Струга тој зборува дека се што е на Балканот од средниот век било дел од албанскта историја.
Меѓу личностите кои ги вбројува се и Константин Велики, Јустинијан Први како и основачот на Охридската Архиепископија. Ахмети вели треба да им биде јасно на сите дека албанците придонеле за културата на Балканот, Европа и светот.
Ова не е непозната реторика за дел од албанските академици од Албанија кои веќе подолг период застапуваат вакви тези, но за прв пат се случува да ги зборува јавно политичар од Македонија.
Дека ова не е ништо друго освен протежирање на ултранационалистички идеи кои се користат од повеќе држави на балканот оценуваат аналитичарите.
Ваквиот говор на Ахмети го оценија како очајнички обид за привлекување на гласачко тело.
За историчарите ваквите тези се чиста измислица бидејќи се целосно спротивни на историски потврдените факти. Токму историјата говори спротивно дека албанците не се дел од етносот кој живеел на овие простори и нивното населување е неколку века подоцна.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар